Поврзете се со нас

Франција

Дугари: Луис Енрике не го сака Мбапе

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_English

Кристоф Дугари е познат по тоа што често излегува со отворени и дрски изјави со кои го привлекува вниманието во јавнсота, а последна тема на која реши да зборува е потегот кој го повлече Луис Енрике на последниот меч на ПСЖ.

Лучо рано го извади Килијан Мбапе од игра и најави дека ќе повторува такви ситуации во иднина, особено поради тоа што тимот полека мора да почне да се навикнува да игра и без својата главна ѕвезда.

Мбапе најави заминување од Париз и дефинитивно ги игра последните месеци во француската престолнина, а Дугари смета дека тој ќе даде се од себе да се прости на најдобар можен начин, и покрај тоа што не добива доверба од тренерот.

– Сметам дека Луис Енрике се однесува надвор од границите на нормалното уште од самиот старт. Постојано провоцира, не се однесува добро со новинарите и има преголемо его. Наместо да сфати дека се уште ја нема пронајдено вистинската формула за успех, реши да го зароби Килијан Мбапе. Се обидува да го елиминира Мбапе и тоа е чувството кое го добивам.

– Сметам дека Мбапе не му се допаѓа на Луис Енрике, не му се допаѓа односот и начинот на кој игра. Не знам дали се работи за егото кај двајцата, но може да се заклучи дека не го сака Мбапе. Постојано го прозива во јавноста, му задава индиректни удари и сака да го елиминира. Сепак, јас мислам дека посилен ќе испадне Мбапе и дека ќе си оди со освоени титули на теренот, – вели Дугари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни