Франција
Дугари јавно го прозва Меси: Време е да слушнеме нешто од тебе

Лионел Меси има големи сомнежи околу својата иднина и за прашањето дали треба да остане во ПСЖ, особено откако притисоците во француската јавност достигнаа максимум по новата рана елиминација во Лигата на шампионите.
Иако се чинеше дека Аргентинецот е на добар пат да потпише нов договор со „светците“, односите се оладија од почетокот на 2023-та година, па тоа шти изгледаше завршена работа за време на мундијалот, сега е голема непозната.
Меси продолжува со медиумскиот молк кога е во прашање неговата иднина, а токму таквиот однос предизивка револт кај Кристоф Дугари, кој сега јавно го прозва Аргентинецот и побара да даде одговори.
– Во целата оваа приказна, сакам да го слушнам мислењето на Меси. Сакам да го слушнам како зборува. Што сака ова момче? Во даден момент мора да се огласи, да се изрази и да каже што сака. Ако сака, нека дојде во нашето студио и нека ни објасни што сака да прави.
– Нека зборува, нека објасни дали го сака ПСЖ, нека ни каже дали е среќен, зошто неговите настапи не се добри во последни време. Сите имаме потреба да слушнеме нешто од Меси и време е да го направи тоа, – изјавил Дугари во емисијата на Ротен која се емитува на „Радио Монте Карло“.
-
Светпред 22 часа
Озил означи крај на кариерата со слика од Реал: Месут реши да се пензионира на 34 години (Фото)
-
Балканпред 4 часа
Ковачиќ го расплака Адеми со емотивната порака (Видео)
-
Шпанијапред 22 часа
Три меча ќе ја одредат судбината на Анчелоти во Реал
-
Репрезентацијапред 21 час
Непосакувана вест: Милевски остана без една опција пред мечот со Малта (Фото)
-
Репрезентацијапред 24 часа
Милевски: Ја научивме лекцијата, создававме тим за овие квалификации
-
Балканпред 11 часа
Адеми: Ќе се вратам во Динамо, сакам европски трофеј како тренер (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 19 часа
Жорди Алба откри што купил со првиот милион кој го заработил
-
Светпред 16 часа
Талентираната Младеновска договори трансфер во Брест Бретањ