Поврзете се со нас

Англија

Дудек се сети на времето поминато во Ливерпул и откри што сакал да му стори на Бенитез: Сериозно размислував да…

Објавено

на

Поранешниот легендарен голман на Ливерпул, Јержи Дудек се сети на времето поминато во Ливерпул, односно на периодот во кој неговата кариера на „Енфилд“ се ближеше кон крајот.

Полјакот беше еден од најзаслужните за освојувањето на Лигата на шампионите во 2005 година,  а две години подоцна си замина од „Енфилд“ откако Рафа Бенитез му донесе замена во името на Пепе Реина.

Дудек по доаѓањето на Реина го изгубил стартното место во тимот, па побарал да замине во Келн, клуб кој се интересирал за неговите услуги.

Сепак, на неколку денови пред крајот на преодниот рок трансферот бил стопиран лично од Бенитез, а Дудек изјави дека во тој момент сериозно размислувал да го удри шпанскиот стратег.

– Пепе беше одличен човек, но не ми се допадна тоа што го донесоа затоа што сакав да бранам за да можам да одам на Светското првенство.

– Келн беше заинтересиран, но неколку денови пред затворањето на трансфер периодот ме повикаа и ме прашаа зошто Рафа не сака да зборува со нив. Бев изненаден зошто сметав дека се е договорено.

– Следниот ден истрчав кон Бенитез. Ми рече дека понудиле само позајмица и дека сум доста важен за тимот. Тогаш низ главата ми помина мисла за да го удрам во лицето. Сериозно размислував, ако го удрам можеби ќе ме пушти да одам во Келн, -јасен беше Дудек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни