Поврзете се со нас

Италија

Дрон камерата го „улови“ и најдобро го прикажа вонсерискиот слалом на неверојатниот Хакими (Видео)

Објавено

на

Ашраф Хакими се покажа како супер засилување за Интер како што можеше и да се очекува по реализирањето на трансферот во минатиот летен преоден рок, бидејќи и покрај тоа што се мачеше на почетокот, во вториот дел од сезоната го изнесе на виделина сиот свој потенцијал.

Фантастичниот десен бек доби значително поголема слобода во играта од месец јануари наваму и како страничен фудбалер донесе огромен плус во системот на Конте, а на вчерашниот натпревар против Сампдорија во една акција најдобро ни докажа за каков талент се работи.

Интер ја потврди шампионската сезона со убедлива победа над Сампдорија од 5:1 и сите играчи на Конте беа посебно расположени за игра откако пристигнаа на мечот како нови прваци, но и покрај тоа што видовме пет гола во мрежата на гостите од Џенова, потегот на мечот беше една акција која за жал не заврши со погодок.

Младиот Мароканец изведе вонсериски слалом кој го започна од својата половина, а италијанската телевизија ја искористи својата дрон камера за најдобро да ја прикаже бравурата на Ашраф која најдобро ни демонстрира за каков модерен десен бек станува збор…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни