Поврзете се со нас

Свет

Дрогба со елегантно писмо се обрати до Галатасарај за расистичкиот скандал со Мурињо (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Дидие Дрогба во завршницата на својата кариера настапуваше во Галатасарај и лично искуси колку тензични и напнати можат да бидат големите дерби пресметки против Фенербахче, а повикувајќи се на тоа што го доживеал, си даде за право да му се обрати на својот некогашен клуб.

Славниот напаѓач испрати писмо до Галатасарај преку социјалните мрежи, преку кое побара од раководството на клубот да не покренува кривична постапка против Жозе Мурињо, тренер кој беше осуден за расизам по последното дерби кое се одигра во понеделникот.

Мурињо со една невнимателна изјава предизвика лавина од реакции во Турција, но Дрогба уверува дека Жозе може да биде се, но расист во ниту еден случај.

– Почитувани луѓе во Галатасарај, знаете колку бев горд што го носев жолто-црвениот дрес и сите ја знаете мојата љубов кон најтрофејниот клуб во Турција!! Сите знаеме колку страстни и жестоки можат да бидат натпреварите против големиот ривал, а јас имав среќа да го искусам тоа.

– Ги слушнав неодамнешните коментари за Жозе Мурињо, верувајте ми дека го познавам Жозе 20 години и тој не е расист. Историјата е тука да го покаже тоа. Да се фокусираме на нашата игра, да ги поддржиме брилијантните лавови и да ја освоиме лигата за да дојдеме до 5 ѕвездички. Како може мојот „татко“ да биде расист, ве молам момци….., – порачува Дрогба.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни