Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Дрогба откри каква неверојатна лекција научил од Мата за време на незаборавното финале со Баерн во ЛШ

Објавено

на

Челси во 2012-та година испиша фудбалска историја и стана првиот клуб од Лондон со освоена титула во Лигата на шампионите, а истата беше уште послатка поради начинот на кој беше остварена и поради сценариот кое се изрежира.

„Лондонските сини“ беа на работ од амбисот кога домаќинот Баерн поведе на домашениот терен во Минхен со голот на Милер во 83-та минута од големото финале, но Дидие Дрогба успеа да израмни на 1:1 во 88-та минута, а потоа беше херој и во пенал рулетот со клучниот гол од белата точка.

Вчера се наполнија точно осум години од неповторливиот 19-ти мај, а по тој повод, Дрогба откри една интересна анегдота поврзана за Хуан Мата, играчот кој бил негова најголема инспирација да се врати од „мртвите“ во финалето.

– Мата имаше 23 години и му реков дека ќе мора да ми помогне да стигнеме до трофејот. Ми рече дека сум луд, ми напомена дека сум Дидие Дрогба, дека јас треба да му помогнам. Јас бев во клубот осум години и никогаш не успеав да стигнам до тој трофеј и затоа му реков дека тој може да ми помогне. Тоа се случи во февруари.

– Три месеци подоцна бевме во финалето, бевме во Минхен, игравме на нивни стадион, опколени од црвено небо. Домаќинот поведе на некои осум минути пред крајот и кога ја изведов топката од средината, бев уништен и без волја. Малиот Мата ми порача, „верувај Диди, мораш да веруваш“. Речиси заплакав од неговите зборови, го погледнав и му одговорив „во што да верувам“. Ми се плачеше, неколку месеци претходно го загубив финалето со Брегот на Слоновата Коска. Потоа дојде последната минута, последниот корнер, првиот за нас после не знам колку за Баерн. Погодете кој го изведе тој корнер…. Хуан Мата, а другото е историја. Тој ме научи една лекција, а тоа е дека секогаш треба да верувате, – открива Дрогба.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни