Дрогба: Меси не е на нивото на двајцата најдобри!

drogba-messi

Лионел Меси и Кристијано Роналдо постојано се ставаат во потесен круг за играчи кои важат за едни од најдобрите во историјата, а вечната тема сега повторно стана актуелна благодарение на Дидие Дрогба кој даде една изјава за фудбалерот кој го цени повеќе кога се во прашање Аргентинецот и Португалецот.

Легендарниот напаѓач од Брегот на Слоновата Коска пред неколку дена откри дека оваа сезона ќе биде последна во неговата богата фудбалска кариера, а сега се најде во фокусот поради изјавата која ја даде за новинската агенција од Франција „АФП“.

Дрогба смета дека Меси е убедливо најдобар играч на денешницата, но сепак смета дека има двајца подобри од него кога се земаат во предвид најдобрите на сите времиња, алудирајќи на неповторливите Пеле и Марадона.

– Ако сака да го направи тоа, Меси може да стави крај на својата кариера уште сега. Тој направи толку многу работи за фудбалот и никој не може ништо да побара повеќе од него. Ако го освои Мундијалот ќе биде уште поголема легенда, но тој и вака е фудбалер кој е далеку од сферата на нормалните играчи. Сепак, мислам дека се уште не е на нивото на Пеле и Марадона, блику е до тоа, но му недостастува уште малку за да се искачи на тоа скалило, – смета незаборавниот голгетер на Челси.

Facebook Коментари