Поврзете се со нас

Франција

Дрогба го победи Ибрахимовиќ во изборот за најдобар напаѓач во француското првенство

Објавено

на

Француските фанови изминатиот период учествуваа во избор на најдобриот напаѓач последните 20 години во француската Лига 1, а на крајот одлучија дека број еден последните две децении бил Дидие Дрогба.

Изборот беше организиран по пат на елиминација, односно нокаут дуели меѓу двајца фудбалери, а на крајот Дрогба го победи Златан Ибрахимовиќ.

Интернационалецот од Брегот на Слоновата Коска настапуваше за Ле Ман, Генгамп и Олимпик Марсеј, а го победи Ибрахимовиќ од ПСЖ, иако Швеѓанецот постигна повеќе голови за време на престојот во Лига 1.

На патот кон финалето, Дрогба ги победил Мориентес, Фрај, Бензема и Паулета, додека Ибрахимовиќ добил повеќе гласови во дуелите со Балотели, Лаказет, Мбапе и Кавани.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни