Поврзете се со нас

Англија

Дриблинг магија со клинички прецизна реализација: Куња режираше магија во Премиер лигата (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Wolves

Вулверхемптон се наслади на „Молину“ во дуелот со забревтаната Астон Вила и со победата од 2:0 запиша важни три бода во битката за опстанок.

„Волците“ побегнаа од опасната зона со овој триумф и сега се два бода над црвената зона, во која денеска влезе Лестер со поразот од Евертон со убедливи 4:0.

Битката за премиерлигашки живот ќе биде доста тешка за сите екипи кои се во долниот дел од табелата, но за Волвс ќе биде доста полесно со играч како Матеус Куња.

„Десетката“ на Вулверхемптон денеска уште еднаш го прикажа на дело сиот свој напаѓачки потенцијал, па откако режираше дрибилинг бравура при погодокот за 2:0, самиот ги затвори вратите за трансфер во Арсенал.

Напаѓачот им порача на новинарите дека останува во Вулверхемптон, а набрзо после тоа пристигна информација дека ставил потпис на нов договор во времетраење од четири ипол години.

Мајсторијата на Куња погледнете ја ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни