Поврзете се со нас

Шпанија

Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)

Објавено

на

Ројстон Дренте одново беше гостин во студиото на познатата шпанска емисија „Ел Чирингито“ и не можеше да не се наврати на своето минато во Реал Мадрид, клуб чии бои ги претсатвуваше во периодот од 2007-ма до 2010-та.

Некогашниот голем фудбалски талент ја делеше соблекувалната со Кристијано Роналдо, Карим Бензема и Рикардо Кака и нагласи дека Португалецот се издвојувал од останатите уште при самото пристигнување, но исто така, откри една интересна анегдота поврзана за актуелниот капитен на „кралевите“.

Серхио Рамос со текот на годините стана фантастичен соиграч со Кристијано, кој претходно го имитирал на шега за време на тренинзите на „кралскиот клуб“.

Ова се случувало пред Кристијано да направи бомбастичен трансфер од „Олд Трафорд“ на „Сантијаго Бернабеу“, а Дренте навистина добро ја долови ситуацијата и откри како стоперот ја имитирал техниката за изведување слободни на актуелниот фудбалер на Јувентус.

– Пред да пристигне Роналдо во Реал, Рамос на шега го имитираше начинот на кој изведуваше слободни удари. Сите се смеевме на тренингот, секако, се шегувавме со тоа. Кога Реал го купи Кристијано, Рамос престана да го прави тоа, – открива Дренте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни