Формула 1
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)

Ред Бул е неверојатно доминантен во однос на конкуренцијата на стартот на новата сезона во Формула 1, нешто во што можевме да се увериме на првите две трки во Бахреин и Саудиска Арабија.
По победата на Макс Ферстапен на првата трка, втората му припадна на Серхио Перез кој беше најдобар и најконстантен во Џеда, па ова секако е најава и за битка меѓу тимските колеги кога е титулата во прашање.
Перез вчера беше прв на речиси цела трка и го имаше најбрзиот круг до пред самиот крај, па иако Макс Ферстапен доби инструкции само да го одржи темпото и да не брка побрз круг, шампионот не го направи тоа.
Макс извозе најбрзо во последниот круг и освои дополнителен бод, што направи тој да биде прв во генералниот пласман, а не неговиот тимски колега Чеко.
Перез дозна за ова дури во собата за одмор, по што следеше тензична комуникација меѓу него и Макс за „украдениот“ најбрз круг.
Перез: Направи најбрз круг на крајот?
Макс: Да, при последниот круг
Перез: Не ли ти беше кажано да го одржуваш ритамот?
Макс: Да, ми беше на 33.0. Но, потоа прашав за најбрзиот круг и мислам дека бев за десетинка побрз.
How important will that point for fastest lap turn out to be at the end of the season? 👀#SaudiArabianGP #F1 pic.twitter.com/ltpGcqPf1D
— Formula 1 (@F1) March 19, 2023
-
АТПпред 17 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 20 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 21 час
Реал Мадрид во завршни преговори за засилување од Хетафе
-
АТПпред 19 часа
Алкарас се повреди и застана, Ѓоковиќ рутински до седмото финале во Париз
-
Англијапред 23 часа
Рио го „амнестираше“ Јунајтед и смета дека Арсенал е виновен што Сити е на чекор до трет трофеј
-
Светпред 15 часа
Руни: Нема да му биде лесно на Меси во МЛС лигата, нема да дојде и…
-
Шпанијапред 19 часа
Реал се засили со соиграч на Димитриевски (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Димитриевски е на листата на потенцијални засилувања за Реал