Поврзете се со нас

Светски првенства

Драматично реми во „Борис Трајковски“: Македонија во игра за пласман во четвртфиналето

Објавено

на

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија одигра уште еден одличен натпревар на Светското првенство што се одржува во Скопје.

Овојпат во СЦ „Борис Трајковски“ бевме тврд орев за незгодната Шведска со која вкрстивме во првиот натпревар од главната фаза на Светското кадетско првенство.

Натпреварот заврши без победник, 20:20, а нашите репрезентативки до ремито стигнаа со гол постигнат во последните секунди од средбата преку Теа Дуковска.

Претходно во голем дел мечот беше во егал, а при крајот на првото полувреме ние ја имавме и предноста, а на пауза заминавме и со два гола позитива (12:10).

Сепак по лошиот старт на второто полувреме, Шведска успеа да создаде резултатска рамнотежа и во неколку наврати да дојде и до два позитива.

Сепак на крајот бодовите беа поделени, а повеќе радост има за Македонките кои сега сами ќе си ја кројат судбината и против Исланд ќе им биде доволно само реми за пласман во четвртфиналето на Мундијалот, што секако ќе биде огромен успех.

Одлична меѓу стативите беше Јованоска со десет интервенции, додека најпрецизна беше Младеновска со пет постигнати голови.

фото- РФМ

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни