Поврзете се со нас

ВТА

Драматични сцени по маратонот на Ролан Гарос: Бертенс беше изнесена од теренот во инвалидска количка (Видео)

Објавено

на

Откажувањето на Серена Вилијамс во текот на денешниот ден не беше единствената шокантна вест од Ролан Гарос, бидејќи неколку часа по нејзиното повлекување, видовме уште две неочекувани ситуации.

Најпрво Викторија Азаренка беше шокирана и елиминирана од Шмиедлова со убедливи 6:2 и 6:2 во второто коло на тенискиот грен слем во Париз, но во оваа рунда, можевме да гледаме и еден некарактеристичен тениски маратон во женска конкуренција.

Сара Ерани и Кики Бертенс се задржаа нешто повеќе од три часа на теренот, а по исрпувачката игра, емоциите на двете страни беа комплетно различни.

Искусната Италијанка беше бесна поради тоа што не реализираше меч топка во третиот сет и со пцуење го напушти теренот, додека петтата носителка Кики Бертенс не можеше да ги крие емоциите од задоволство, но и солзите од болките кои ги имаше.

Холандскта  тенисерка беше истоштена по неверојатно долгиот меч кој го имаа двете тенисерки, па по победата од 7:6, 3:6 и 9:7 мораше да биде изнесена со инвалидска количка од теренот.

Вложениот напор и дехидратацијата си го направија своето, па Бертенс беше до толку истоштена, што не можеше на свои нозе да го напушти теренот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни