Поврзете се со нас

Македонија

Драматична завршница во Гевгелија, Кожув славеше над Работнички

Објавено

на

foto:www.facebook.com/Kozuv

Кошаркарите на Кожув по голема борба славеа над Работнички со 81:79 во вториот натпревар од денешната програма во Првата лига.

Беше драматично, неизвесно до последната секунда, решавашаше една топка или во случајов пресудни беа поедните кои домашниот играч Вилсон ги постигна на осум секунди до крајот. Гостите од Скопје имаа шанса да возвратат, но Ефремовски не го погоди шутот за три поени, а не беше искористен ниту офанзивниот скок на Полутак.

Ова беше седмо славје за гевгеличани кои сега имат идентичен учинок 7-4 како вечерашниот ривал. Пилепиќ со 27 поени беше најефикасен играч, Вилсон имаше дабл-дабл од 18 кошеви и 11 асистенции.

Кај Работнички најдобри беа Шошкиќ со 26 и Ефремовски со 18 поени.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни