Поврзете се со нас

Италија

Драматична завршница на „Диего Армандо Марадона“, Јувентус падна во Неапол (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Наполи издвојуваа победа над Јувентус од 2-1 во последната средба од денешната програма во Серија А.

Домаќините се изборија за славје во драматичната завршница на „Диего Армандо Марадона“ во која паднаа два погодоци. Јувентус успеа да го израмни резултатот благодарение на мајсторскиот гол на Киеза во 81 минута.

Меѓутоа неколку минути подоцна Наполи доби удар од белата точка, пенал кој не го искористи Осимен, но на одбиената топка прв стигна Распадори за 2-1 и големо славје на наполитанците.

Инаку првиот гол за Наполи беше дело на Кварацхелија во 42 минута.

Актуелниот првак сега има 43 бода, Јувентус останува втор со 57 поени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни