Поврзете се со нас

Одбојка

Драматична победа на Македонија за финале во Сребрената лига

Објавено

на

Одбојкарската репрезентација на Македонија оствари тешка, но исклучително важна победа против Хрватска во полуфиналниот натпревар од Сребрената лига.

Избраниците на Матијашевиќ со 3:2 по сетови ги совладаа „коцкестите“ и си закажаа финална средба со подобриот од второто полуфинале  кое се игра помеѓу Данска и Унгарија.

Хрватска подобро го започна натпреварот и убедливо го доби првиот сет со 25:15, а потоа македонските одбојкари се консолидираа и ги добија следните два сета со 25:19, односно 25:22. Третиот сет им припадна на гостите со 25:21 за крајно возбудлив финиш на натпреварот и петти сет кој ќе го одлучи победникот.

Во одлучувачкиот сет, за среќа подобри беа нашите одбојкари со 15:12 и на крајот забележаа нова победа со која добија можност да атакуваат и на првото место во Сребрената лига.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни