АТП
Драматичен меч во Франција: Три тајбрејка и тесен пораз за Ивановски

По два направени пресврта во првите две рунди, Калин Ивановски денеска отвори добро и го освои првиот сет, но за жал потоа му дозволи кам-бек на ривалот и остана без полуфинале во Кретеј.
Турнирот кој се игра на тврда подлога во сала во Франција беше добра шанса за најдобриот македонски тенисер во ситуација кога испаднаа доста од фаворитите, но сепак Калин како петти носител денеска мораше да му подаде рака на домашниот ривал Тристан Ламазин и да се помири со поразот.
Мечот беше навистина тесен и неизвесен и се играа дури три тајбрејка, што доволно говори колку беше возбудливо и интересно на последното четвртфинале кое беше закажано за денеска.
Ивановски го доби првиот тајбрејк во првиот сет со 7:3 и поведе со 1:0, но и покрај добриот старт, не успеа да ја направи посакуваната разлика и да ја заврши работата во два сета.
Ламазин го однесе и вториот сет во тајбрејк и истиот го доби со убедливи 7:1, по што следуваше многу борба и нов 13-ти гејм во одлучувачкиот сет кој заврши со резултат 7:5 во корист на Французинот.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 18 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
АТПпред 10 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Шпанијапред 23 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 22 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 20 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 21 час
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 13 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)