Евролига
Драмата во Мадрид за домаќините: Реал ја доби Барселона во евролигашкото „Ел Класико“ (ВИДЕО)

Кошаркарите на Реал Мадрид славеа над Барселона со 91-86 во највозбудливиот меч од денешната програма од 21.коло во Евролигата.
Каталонците водеа по првата четвртина, водеа на полувреме, водеа и по третата четвртина, но во завршниот период потклекнаа или поточно му дозволија на домаќинот со 23-14 да се избори за реми од 73-73 и дополнителни пет минути. Тука моментумот, енергијата беше кај Реал кој одигра одлично напаѓачки (18-13) и избори славје за големо задоволство на присутните во „Визинк Центарот“.
Дек со 23 поени беше прв стрелец, одлична поддршка му беа Љуљ со 19 и Муса со 18 кошеви. Миротиќ за поразените пак уфрли 17 кошеви.
Сега Реал има учинок 14-7, Барса пак е на 13-8.
Останати резултати: Панатинаикос-Жалгирис 89-65, Монако-Милано 101-88, Асвел-Фенербахче 91-77 и Алба-Валенсија 88-94.
-
Шпанијапред 20 часа
Изненадувањето во стартната постава на Чави: Го чекаме Меси во Барса, не го заслужува третманот кој го добива во Париз
-
Италијапред 20 часа
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби
-
АТПпред 24 часа
Медведев со урнебесен говор ги изнасмеа сите присутни по поразот во финалето (Видео)
-
Формула 1пред 22 часа
Драматично во Ред Бул: Тензичната конверзација меѓу Ферстапен и Перез по крајот на трката (Видео)
-
Англијапред 14 часа
Англија остана без најдобриот играч за дуелите со Италија и Украина
-
Светпред 14 часа
Направи големо изненадување, па доби „шут карта“: Клосе заработи отказ во првиот тренерски предизвик
-
НБАпред 16 часа
Портер Џуниор заби преку Јокиќ, па откри што му порача на соиграчот (ВИДЕО)
-
Балканпред 23 часа
Хрватскиот јунак од СП во Катар со најоригинална објава за Адеми: Ако видиш дека не ги разбираш Кинезите….. (Фото)