Драмата во Келн за скандинавците: Шведска ја прекина црната серија против Канада и го освои златато на СП (Видео)

svedska

Селекцијата на Шведска е новиот светски шампион во хокеј на мраз, откако во завршниот меч за златото во Келн во супер драматичен и исцрпувачки меч ја доби селекцијата на Канада дури по изведување на пенали.

Во регуларниот дел по три периоди немаше победник и резултатот беше 1-1 со головите на Хедман (Шведска) и О Рајли (Канада). Во продолжението немаше ниту еден гол по што се пристапи кон изведување на пеналите во кои голманот на скандинавците Лундквист ниту еднаш не беше беше матиран, додека пак на другата страна два пати се тресеше мрежата на Пикар од страна на Бакстром и Екман-Ларсон.

Со ова Швеѓаните ја симнаа Канада од врвот, а воедно и прекинаа една црна серија против овој противник кога се во прашање битките за златните медали и по три порази во финалињата (1997, 2003, 2004) дојдоа до посакуваниот резултат.

Ова за „викинзите“ беше прво злато по 2013 година, а нивниот ас Вилијам Ниландер беше прогласен за МВП на шампионатот благодарение на неговите 7 гола, 7 асистенции на 10 натпревари.

Битката за бронзата и припадна на Русија која со 5-3 (1:0, 3:1, 1:2)  славеше над Финска.

Следен домаќин на најдобрите светски хокеарски репрезентации ќе биде Данска со градовите Копанхаген и Хернинг.

Facebook Коментари