Драмата во Будимпешта за „црвено-жолтите“: Македонија победнички ги започна квалификациите за ЕП

mk zadovolstvo

Македонската машка одбојкарска репрезентација имаше позитивен старт на квалификациите за пласман на Европското првенство во 2019 година кое ќе се одржи во четири земји Белгија, Франција, Холандија и Словенија.

Четата на Никола Матијашевиќ во драматичен меч славеше со 3-2 над Унгарија во Будимпешта. Ние водевме со 2-0 во сетови и предност од 10-6 во третиот, но потоа дојде до пад во нашата игра кој го искористија домаќините кои на два пати не победија со 25-23 и дојдоа до израмнување на 2-2.

Во решавачката битка македонските одбојкари имаа поголема концетрација и со 16-14 дојдоа до толку посакувната победа по два ипол часа игра.

Најдобар поеднинец беше нашиот капитен Никола Ѓорѓиев со 42 поени, додека Љафтов заврши со 17 поени. Следната средба за нас е на домашен терен против Украина, селекција која денеска ја победи Швајцарија со 3-0.

Facebook Коментари