Поврзете се со нас

Лига на нации

Драма во Загреб: Шкотска постигна гол во „последен час“, ВАР ја израдува Хрватска (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:x.com/Squawka_Live

Репрезентацијата на Хрватска со доста мака оствари победа над Шкотска од 2-1 во средбата од сегментот А во Лигата на нации.

Островјаните се бореа до самиот крај и малку фалеше да заминат непоразени од „Максимир“ во Загреб. Тие во „последен час“, во судиското продолжение успеаа да постигнат погодок за 2-2, гол на кој се израдуваа, но се вклучи ВАР кој утврди дека имало офсајд пред топката да заврши во мрежата на Ливаковиќ.

Судијата веднаш потоа отсвири крај, па на Хрватите им олесна иако и тие на чело со капитенот Модриќ едноставно не можеа да поверуваа зошто се доведоа во таква ситуација.

Инаку Шкотите поведоа преку Кристи во 33 минута, но веднаш одговори Матановиќ за 1-1, додека пак во 70 минута Крамариќ со глава погоди за 2-1.

Бугарија пак во истиот термин ремизираше со Луксембург (0-0).

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни