Поврзете се со нас

ВТА

Драма во Токио: Шпанска тенисерка изнесена од теренот во инвалидска количка (Видео)

Објавено

на

Маркета Вондроушова во осминафиналето ја шокираше домашната тенисерка Наоми Осака, а сега во четвртфиналето, без преголема борба се најде меѓу четирите најдобри тенисерки на олимпискиот турнир во Токио.

Вондроушова не можеше да го слави овој успех, од едноставна причина што нејзината противничка доживеа драматични сцени на теренот, на кој условите за игра беа навистина нехумани за игра.

При 32 степени целзиусови и 74-процентна влажност на воздухот, Шпанката Паула Бадоса претрпе топлотен удар и веќе не можеше да го доигра мечот.

Бадоса добиваше помош неколку минути од лекарите, но самата процени дека не е способна да се врати на теренот по загубениот прв сет (6:3).

Шпанската тенисерка беше инаку фаворитка во дуелот со Вондроушова, но по неполни 40 минути игра, таа го напушти теренот во инвалидска количка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни