Поврзете се со нас

Атлетика

Драма во Токио: Белорусите сакале да „депортираат“ атлетичарка која ги критикувала тренерите

Објавено

на

Вистинска драма доживеа белоруската атлетичарка, Кристсина Циманускаја, која во последен момент избегна принудно враќање во својата земја.

Циманускаја ги критикувала тренерите од белоруската репрезентација кои биле присутни на Олимпијадата во Токио, по што добила наредба веднаш да се качи во авион и да се врати во Минск.

Атлетичарката побарала помош од организаторите на Олимпијадата кои во последен момент ја спречиле „депортацијата“, а потоа се погрижиле Циманускаја да ги добие сите потребни услови за останување во Токио и ја сместиле на „безбедна локација“.

Одговорните во Олимпискиот комитет на Белорусија претходно и соопштиле на атлетичарката дека нема да се појави во преостанатите дисциплини и веднаш треба да се спакува, затоа што се враќа во татковината.

Таа јавно ги критикуваше одговорните затоа што дел од нејзините сонароднички не дошле во Токио поради недоволно допинг тестови, па без одобрување била вметната во штафетата 4×400 метри на која не планирала да трча.

Претседател на комитетот е Виктор Лукашенко, син на белорускиот претседател Александер Лукашенко, а нивните политички сојузници веќе ја обвинија Циманускаја дека извршила предавство на својата земја. Веќе се споменува дека атлетичарката ќе побара азил во Германија или Австрија, а помош веќе понуди и Полска.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни