Поврзете се со нас

Европски првенства

Драма во Штутгарт: Шобот стрелаше за победа во 100. минута, голот му го посвети на нокаутираниот Варга (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: x.com/brfootball

Репрезентацијата на Унгарија издвојува драматична победа над Шкотска од 1-0 во вториот меч од групата А на Европското првенство.

Унгарците ја добија драмата во Штутгарт со гол во 100 минута преку Шобот и тоа во моментите кога острвјаните тргнаа да дадат гол за триумф. Меѓутоа Шобот по една контра се најде на вистинското место длабоко во судиското продолжение и донесе три бода за Унгарците кои на овој начин остануваат во игра за место во осминафиналето како третопласирани, ама ќе мора да го почекаат расплетот од останатите групи.

Инаку голот, победата му беше посветена на Варга кој заработи повреда по шкотскиот голман и мораше на носилки да го напушти теренот.

Последните вести се дека ситуацијата е стабилна и е пренесен во болница во Штутгарт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни