Драма во последните секунди во Флензбург: Јанц донесе бод за Кјелце од тешка позиција (Видео)

lauge-flensburg

Ракометната Лига на шампиони често знае да донесе атрактивни потези и драматични завршници, а така беше и денеска на пресметката меѓу Флензбург и Виве Кјелце.

Натпреварот заврши со резултат 32:32, а навивачите можеа да видат два погодоци во последната минута, од кои вториот беше постигнат во последните секунди. Најпрвин Лауге предизвика еуфорија во салата откако донесе предност за Флензбург, но Кјелце имаше напад за израмнување, во кој тргна по тајм-аутот на Талант Душебаев.

И кога домашните фанови помислија дека полскиот тим нема решение и ќе ја загуби топката, следуваше едно изнудено решение од крило, а Блаж Јанц на неверојатен начин успеа да ја протне топката во мрежата на Флензбург за конечни 32:32. Тоа за него беше единствен обид, а воедно и погодок на натпреварот.

Facebook Коментари