Поврзете се со нас

АБА лига

Драма во Подгорица за ужасен крај за „штрковите“: Борац направи сензација против Будуќност, МЗТ испадна од АБА лига

Објавено

на

Foto:twitter.com/ABA_League

Иако вчера се чинеше дека МЗТ Скопје оствари клучна победа за опстанок во АБА лигата, реалнсота велеше дека нашиот шампион зависи и од еден друг натпревар, кој денеска имаше нанјнеповолен крај за „штрковите“ кои остварија победи на трите последни меча во регионалното натпреварување.

Триумфот над Цибона за жал сепак нема значење како што сите замислуваа, бидејќи Борац од Чачак вечерва направи сензација и во драматичен натпревар успеа да го победи фаворизираниот Будуќност.

Тимот од Црна Гора немаше никаков императив да брка триумф, но достојно и професионално се бореше до самиот крај и во последните секунди не реализираше напад за победа, кој ќе значеше дека МЗТ опстанува во АБА лигата.

При резултат 85:86 за Борац, Хејнс имаше пробив во рекетот на гостите и со препознатлив „флоутер“ се обиде да го реши прашањето околу победникот, но топката се одби од обрачот и заврши во рацете на еден играч на Борац. Судијата досуди фаул на една секунда пред крајот, по што Гагиќ погоди едно од двете слободни фрлања и остана последен напад за израмнување или победа.

Иако Будуќност се обиде да го направи тоа, шутот заврши прекусо и не се менуваше резултатот (85:87), а тоа автоматски значеше дека Борац обезбеди место кое му гарантира бараж за опстанок во АБА лигата. Од друга страна, МЗТ Скопје директно се сели во понизок ранг и одново ќе игра во АБА2 лигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни