Поврзете се со нас

Американски спортови

Драма во НФЛ лигата: Играч на Бафало колабираше на теренот по дуел со противникот, лекарите се борат за неговиот живот (Видео)

Објавено

на

Дерби натпреварот во НФЛ лигата меѓу Синсинати Бенгалс и Бафало Билс се претвори во вистински хорор за големите фанови на оваа игра, бидејќи истиот беше принудно прекинат уште во првата четвртина.

Причина за тоа беше немилиот настан кој се случи на теренот, по кој еден од играчите на Бафало беше враќан во живот со дефибрилатор околу половина час.

Младиот Демар Хемлин доживеа срцев удар на теренот по еден контакт со противнички играч, па иако првично се подигна од земја и застана на нозе, веднаш после тоа колабираше на падна на тревата.

24-годишниот сејфти-играч на Бафало предизвика неверојатна паника на теренот и сите играчи го опколија за да не се гледаат немилите сцени, а после половина час пристигна информација дека лекарскиот тим успеал да го врати во живот.

По интервенцијата на теренот, Хемлин е префрлен во најблиската болница на ургентно одделение и е сместен на интензивна нега, а оттаму пристигна соопштение дека неговата состојба е критична.

Сосема очекувано, натпреварот беше прекинат по големиот шок за сите, а сите играчи и фанови се молат за животот на Демар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни