Драма во Лајпциг: Цвијиќ донесе бод за Србија во последните секунди (Видео)

cvijic

Српската женска ракометна репрезентација одигра со нерешени 22:22 против домаќинот Германија во третото коло на Светското првенство, а до големиот бод стигна со гол постигнат во последните секунди.

Во главната улога беше „вардарката“ Драгана Цвијиќ која успеа од многу тешка ситуација најпрвин да се ослободи од својот чувар, а потоа и да го совлада германскиот голман за да го официјализира ремито на средбата одиграна во Лајпциг.

Facebook Коментари