Поврзете се со нас

Свет

Драма во Копер: Катарски репрезентативец го клоцна Јанц и ги разбесни Словенците (Видео)

Објавено

на

Словенија денеска му беше домаќин на Катар во пријателски натпревар како дел од подготовките на двете селекции за настап на претстојното Светско ракометно првенство, но ќе биде запаметен по еден драматичен инцидент кој се случи во вториот дел.

Неспортска реакција и удар на противнички играч од страна на катарскиот репрезентативец Франкис Марзо предизвика голема мешаница на теренот, но за среќа беше избегнат поголем инцидент и физичка пресметка меѓу двете страни.

По еден дуел и расправија со Блаж Јанц, Марцо го клоцна словенечкиот репрезентативец, а во одбрана на Јанц се впуштија сите словенечки репрезентативци, додека Катарците се обидуваа да ја смират тензијата.

Дури и селекторот Веселин Вујовиќ не можеше да поверува во глупоста на Марцо, кој на крајот доби и син картон од судиите на дуелот во Копер.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни