НБА
Драма во Калифорнија: Мареј и Јокиќ изведоа победничка акција, Дерозан се посрамоти во последниот напад (Видео)
Сакраменто и Денвер одиграа еден од највозбудливите натпревари рано утрово во НБА лигата, а на крајот како клучни се покажаа последните десет секунди во кои видовме два напади со различни епилози.
Во последниот напад за Денвер, Џамал Мареј ја презема одговорноста по додавањето од Никола Јокиќ и од полудистанца погоди за 130:129, а бидејќи на семафорот останаа уште осум секунди, беше јасно дека Сан Антонио ќе има свој напад за победа.
Иако акцијата не беше најтечна, топката стигна до Демар Дерозан, но главната ѕвезда на Спарси се посрамоти од непосредна близина и направи победата да ја однесат гостите.
Денвер имаше плус 23 на стартот на втората четвртина, потоа бркаше негатива и имаше „минус 10“ на четири минути пред крајот, но Нагетси се изборија за завршен пресврт и на крајот ја добија драмата со помош на Дерозан.
Никола Јокиќ немаше својата добра шутерска вечер, но и во такви услови запиша трипл-дабл, десетти за него од стартот на сезоната. Србинот го заврши мечот со 20 поени, 14 скокови и 13 асистенции, а најдобар поентер кај Денвер беше Мареј со 28 поени. На спротивната страна, Фокс уфрли 29, а Сабонис 28 поени.
JAMAL MURRAY FOR THE WIN.
— Hoop Central (@TheHoopCentral) December 17, 2024
Perdimos el Free Pick por qué al idiota de Derozan se le cayó el balón en la última jugada, que coraje 😡
— America Lemus (Apuestas) (@Americapickss) December 17, 2024
НБА резултати:
Шарлот – Филаделфија 108:121
Детроит – Мајами 125:124 (продолжение)
Бруклин – Кливленд 101:130
Торонто – Чикаго 121:122
Сакраменто – Денвер 129:130
ЛА Клиперс – Јута 144:107
-
Светски првенства8 часа
Еден унгарски играч ги прислушкувал советите кои Лазаров им ги делел на ракометарите: Разбирав што им кажува
-
Италија20 часа
Инѕаги по ремито со Болоња: Судиите можат да направат грешки…
-
Светски првенства22 часа
Унгарскиот селектор (не)задоволен: Не е лесно да се игра против Македонците, посебно со вакво судење…
-
Англија15 часа
Артета најави засилување за Арсенал: Загубивме двајца важни играчи…
-
Шпанија21 час
Тренерот на Селта Виго му се закани на Реал: Имаат слабости, шансите да ги добиеме се…
-
Англија20 часа
Ван Дајк: Сега сме во криза? Премиер лигата е…
-
Шпанија7 часа
Навивачите на „Бернабеу“ со брутален пречек за еден стартер на Анчелоти: Го исвиркуваат секој негов допир со топката (Видео)
-
Шпанија19 часа
Гави: Тој е најдобриот играч на светот по Меси