Поврзете се со нас

Евролига

Драма во Истанбул: Барселона му се одмазди на Ефес за поразот во финалето на Евролигата (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Барселона преку вистинска драма стигнаа до победа над Анадолу Ефес од 95-93 во мечот кој беше своевидна реприза на финалетот од минатата сезона во Евролигата.

Каталонците минатата кампања ги загубија сите три пресметки против турскиот претставник вклучувајќи го и дуелот за пехарот, па избраниците на Јасикевичиус беа мотивирани да се одмаздат, реваншираат, цел која успеаа да ја реализираа дури по дополнителните пет минути.

Во регуларниот дел двата состави си имаа свои добри и лоши минути, па по 40 минути резултатот беше 80-80. Во екстра времето Барса беше за нијанса подобра и со 15-13 дојде до петтото славје во низа со што ја задржа првата позиција пред дербито со Реал Мадрид.

Шанли беше супер расположен и против поранешниот клуб даде 24 кошеви, Миротиќ додаде 18, додека Курич и Лапровитола искомбинираа 30 поени.

Кај поразените плејмејкерот Мициќ беше автор на 26 поени.

Останати резултати:

Уникс-Олимпијакос 84-87 (по прод.)

Алба-Милано 81-76

Зенит-Звезда 58-69

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни