Драма во Хамамет: Јотовски испушти финале во Тунис

jotovski

Најдобриот македонски тенисер Томислав Јотовски не успеа да обезбеди пласман во финале и да се бори за титула на ИТФ фјучерсот во Хамамет, Тунис.

По голема борба и меч кој се играше во два дена нашиот Томи потклекна пред вториот носител Џереми Јан од Германија со 2-1 во сетови. Јотовски првиот сет го доби во тај-брејкот (7-6 (9-7)), додека пак во вториот водеше со 5-2 во гејмови по што следуваше пад во играта на нашиот ас што беше искористен од противникот кој дојде од тај-брејк и 7-1 во истиот за 1-1 во сетови.

Третиот сет беше комплетно различан од првите два, Германецот доминираше и со 6-1 се избори за меч за пехарот против Серхио Гутиерез-Ферол.

Фјучерсот во Хамамет се игра на земјена подлога за награден фонд од 15.000 американски долари.

Facebook Коментари