Поврзете се со нас

Евролига

Драма во Белград: Ефес ја доби битката со Реал и останува на врвот на европската кошарка (ВИДЕО)

Објавено

на

Кошаркарите на Анадолу Ефес се старо-нов шампион на Евролигата откако вечерва по една драма, исцрпувачка борба славеше над Реал Мадрид со 58-57.

Ова како што кажува самиот резултат беше дуел во кој одбраните фантастично функционираа, играчите водеја битка за секоја топка, секој сантиметар на теренот, но на крајот мораше да има победник и тоа е турскиот претставник кој на овој начин ја одбрани европската титула.

„Кралевите“ беа поуспешни во првите 20 минути (34-29), но момците на Атаман возвратија во третиот и четвртиот период за нов пехар во Евролигата.

Победникот имаше два супер расположени играчи, Мициќ со 23 поени и центарот Плас со 17 поени и 7 скока.

Кај поразените единствен двоцифрен беше Таварес со 14 кошеви.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни