Поврзете се со нас

Македонија

Драма во „Автокоманда“: Арсеновски со гол од центар донесе победа за Пролет (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/rkmultiessence

Ракометарите на Тинекс Пролет остварија драматична победа над Мулти Есенс од 32:31 во вториот меч од денешната програма во Суперлигата.

Ова беше супер борбен, возбудлив и неизвесен меч во кој домаќините имаа минимална предност на полувреме од 17:16 за да по паузата двете екипи имаат свои моменти, се менуваа во водство за да кулминацијата дојде до последната минута секунди.

Избраниците на Иван Марковски преку атрактивен цепелин израмнија на 31-31, но гостите имаа експресна реакција и преку Арсеновски со гол од центар дојдоа до конечно славје, а со тоа воедно му донесоа и победничко деби на тренерот Александар Јовиќ.

Арсеновски со осум гола беше прв стрелец кај победникот, Димовски пак даде еден помалку кај поразените.

Во првата средба Струга го реши Скопје со 38:29.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни