Поврзете се со нас

Германија

Драма со среќен крај за „милионерите“: Халанд погоди во 91 минута за ерупција на „Сигнал Идуна Парк“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Борусија Дортмунд остварија победа над Хофенхајм од 3-2 во драматичниот меч со кој беше отворено третото коло во Бундеслига.

Ова беше дуел кој донесе пеколно второ полувреме, полувреме во кое паднаа пет погодоци од кои два беа во самата завршница. Се започна во 49 минута кога американскиот репрезентативец Рејна го отвори резултатот во 50 настап во елитната германска конкуренција.

Со ова Рејна стана најмладиот играч со 50 натпревари во Бундеслигата притоа надминувајќи го Каи Хаверц кој сега настапува за Челси.

Гостите се вратија во 61 минута со погодокот на Баумгартнер, но таа радост кратко траеше затоа што Белингем во 69 одново донесе позитива за домашниот состав.

Овој резулта беше активен до 90 минута кога резервистот Дабур израмни на 2-2 за да во следниот напад Дортмунд преку Халанд пронајде начин да дојде до нов гол, овојпат за 3-2 и три бода.

За четата на Розе ова беше втор триумф во третиот сезонски натпревар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни