Атлетика
Драма на женскиот маратон во Париз: Клинч меѓу ривалките за злато и историски подвиг на неверојатната Хасан (Видео)
По вчерашните возбудувања на машкиот маратон на кој Дарио Ивановски испиша македонска историја, денеска на ред дојде маратонот во женска конкурнција кој се одржа низ улиците во Париз.
Најдолгата атлетска делница секогаш е посебно тешка за атлетичарите, но уште потешка кога се трча во тешки и пеколни услови какви што има изминативе денови во француската престолнина.
И покрај жалбите на голем дел од натпреварувачите, оние најсилните успеваат да стигнат до целта, а денеска прва на финишот во Версај пристигна Сифан Хасан која постави и нов олимписки рекорд со време 2:22.55.
Холандската атлетичарка со завршен спринт ја победи Тигст Асефа од Етиопија со која имаше и клинч во последните 200 метри, па со овој подвиг испиша и историја на Олимписките игри.
Хасан стана првата атлетичарка во историјата која освоила медал во три различни дисциплини на една Олимпијада, бидејќи пред златото на денешниот маратон, Холанѓанката освои бронза на 5 илјади и 10 илјади метри.
Што се однесува до денешната трка долга 42 километри, место на подиумот имаше уште за Хелен Обири од Кенија која ја освои бронзата.
-
Балканпред 15 часа
Гатузо со вулгарни зборови по големата дерби победа над Динамо: Би бил вистинско……
-
Шпанијапред 15 часа
Помладиот Белингем за ѕвездата на Реал: Џуд е бескорисен…
-
Англијапред 9 часа
Гвардиола: Првпат се сложувам со Тебас
-
Светпред 16 часа
Димитриоски и Карапалевски со ист учинок, Валјадолид испушти победа во АСОБАЛ лигата
-
Шпанијапред 15 часа
Деко за играчот кој си замина од Барселона: Му понудивме договор и важен проект, но тој…
-
Шпанијапред 13 часа
Јамал: Сакам да играм заедно со него секоја недела
-
АТПпред 12 часа
Руд застана зад Синер: Се запознав со правилата, ако внимателно прочитате…
-
Балканпред 14 часа
Гатузо се занесе и го бакна Ливаја во уста (ВИДЕО)