Драма на „Велодром“: Стоперот на Лион испрати ниска провокација и предизвика невиден хаос на теренот (Видео)

marsej-lion

Големото дерби меѓу Марсеј и Лион понуди одлична фудбалска пресметка проследена со пет гола, но една провокација од гостинскиот стопер на крајот ни понуди и физичка пресметка на теренот, која се префрли и во тунелот на „Велодром“.

Депај со гол во 90-та минута му донесе дерби победа на Лион од 2:3, но хаосот настана по последниот свиреж на судијата, односно по реакцијата на стоперот Марсело. Бразилецот им го покажа дресот на Лион на навивачите на Марсеј додека се упатуваше кон тунелот, а тоа го видоа играчите на Марсеј кои збеснаа на ваквиот потег и му се нафрлија на дефанзивецот.

Ваквата неспортска реакција предизвика вистински хаос и мешаница меѓу сите играчи, а физичката пресметка посебно го разлути Адил Рами, стоперот на Марсеј кој го чекаше Марсело во тунелот за да се пресмета со него.

Facebook Коментари