Италија
Драма на „Сан Сиро“: Милан губеше до 92. минута, а потоа режираше чудесен пресврт (Видео)

Парма беше на прагот да ја забележи втората победа над Милан оваа сезона, но наместо тоа, гостите од „Енио Тардини“ на крајот доживеа пеколно тешко попладне, и тоа во последните четири минути од судиското продолжение.
Голот на Дел Прато во 80-та минута донесе второ водство за Парма и со резултат 1:2 се влезе во завршницата, по што следеа неверојатно драматични и френетични моменти.
Милан најпрво постигна гол за 2:2 преку Павловиќ и следеше голема радост на трибините, но ВАР брзо реагираше и алармираше офсајд, кој направи славеничката атмосфера да згасне во истиот момент. Иако се чинеше дека со тоа ќе умре и последната надеж за домаќините да освојат барем бод, на крајот испадна дека Милан го чувал најдоброто за судиското продолжение, во кое видовме два гола во мрежата на Сузуки.
Муса со брилијантен пас ја извади од игра цела одбрана на Парма во 92-та минута и му овозможи на Рајндерс да израмни на 2:2, а откако домаќините фрлија се на една карта во напад, следеше уште еден шок за гостите.
Чукуезе со доста на доста среќа најдобро се снајде во мешаницата во 95-та минута, па со својот погодк донесе тешка и драматична победа за Милан, која го фрли во екстаза и тренерот Сержо Консеисао во близина на аут линијата.
Головите погледнете ги ТУКА
-
НБА15 часа
Најавите се остварија: Богдановиќ ја замени Атланта со Лос Анџелес
-
Шпанија23 часа
Марсело со емотивно видео објави крај на кариерата: Мадридизмот не се опишува со зборови
-
Евролига24 часа
Обрадовиќ во елемент: Немој да те удрам со таблава по глава….. (Видео)
-
Англија13 часа
Ливерпул го уништи Тотенхем и ќе се бори за трофејот во Лига Купот (ВИДЕО)
-
Италија14 часа
Шампионот настрада на „Артемио Франки“: Фиорентина го потопи Интер во продолжениот меч во Серија А (ВИДЕО)
-
Англија23 часа
Јоро откри каква Ватсап подготовка добиваат дефанзивците од Аморим пред секој натпревар на Јунајтед
-
Франција20 часа
Луис Енрике: Ви реков дека ќе бидеме подобри во одбрана и во напад без Мбапе!
-
Шпанија5 часа
Ханси Флик за една своја ѕвезда: Тој не се споредува со ниту еден друг играч во светот