Драма до крај: Последната трка во Чиба ќе го даде шампионот во авионските трки!

matijas dolderer chiba 2019

За последен пат, четиринаесетмина од најисклучителните светски пилоти ќе се натпреваруваат со брзини од 370 килиметри на час и привлечни гравитациски сили до 12G, на финалето на сезоната 2019 од Red Bull Air Race во Чиба, Јапонија. Круната се уште е на дофат за тројца од најголемите ѕвезди на овој спорт, вклучувајќи го и домашниот херој, Јошихиде Муроја, при што сезонава видовме и победи со разлика од 0,003 секунди, поради што битката на 8 септември ќе биде преполна со возбуда, во грандиозниот судир на титаните.

Јапонија има најстрасни навивачи според она што е видено на сите локации во четиринаесетгодишната историја на овој спорт, а петтата последователна трка во Чиба ќе го нахрани нивниот апетит за возбуда. Не само што ова е првпат финалето на сезоната да се одржи во Азија, туку и домашниот херој Јошихиде Муроја е еден од тројцата најдобри во генералниот пласман кои имаат шанса да го освојат светскиот шампионат.

Тројцата кои се претенденти за круната: На прво место со 65 поени, бранителот на шампионската титула, Мартин Шонка (Чешка) има за цел да го повтори успехот. Но трикратниот освојувач на второто место Мат Хол (Австралија) заостанува само четири поени, плус свежа му е победата од последната трка во Унгарија. Покрај тоа, тој триумфираше во Чиба минатата година. На трето место во генералниот пласман со 55 поени, Муроја можеби се чини како подреден, но тој се приближи одзади и му ја грабна титулата на светски шампион на Шонка во последната рунда на последната трка во 2017 година, а јапонските супер-фанови веќе двапати досега го поттикнаа на победа на трката во Чиба.

Додека овие тројца на врвот се единствените реални претенденти за титулата, на хартија, пилотите од Велика Британија, САД, Франција, Шпанија и Канада исто така имаат шанса да осигураат некое од пониските места на подиумот. Главни меѓу нив се Британецот Бен Марфи и Американецот Мајл Гулијан, кои се со исти поени на четвртотот место.

Исто така во Чиба, „Челинџер“ класата на Red Bull Air Race ќе ја има последната трка од 2019 година, Дванаесет пилоти летаа во второто натпреварување на овој спорт цела сезона, а во Јапонија ќе се патпреваруваат Флоријан Бергер (Германија), Кени Чијанг (Хонг Конг), Кевин Колман (САД), Лук Цзепиела (Полска), Батист Виње (Франција) и Вито Вајпрахтигер (Швајцарија).

Акцијата на плажата Макухари во Чиба започнува со квалификациите во „Челинџер“ класата, пред пилотите од светското првенство да се вивнат во небото во својата квалификациска пресметка. Пилотите од мастер класата ќе се броат не само за пол позиција, туку и за нивната последна шанса за трофејот за најбрз круг во сезоната на ДХЛ, и што е најважно, за скапоцените поени за светското првенство кои се достапни за тие што ќе завршат меѓу првите тројца.

Најдраматичните моменти се во недела, на осми септември, кога е денот на трката и во мастер класата и во челинџер класата. Интензивниот ден на летови меѓу воздушните столбови високи 25 метри, пред очите на публиката, ќе завршат со церемонија на доделување на наградите, како и доделување на трофејот на сезоната за новиот светски шампион за 2019 година.

Светското првенство Red Bull Air Race нема да продолжи после 2019 година, што е втор прекин по оној во 2010 година кој траеше неколку сезони. Сега е моментот да им се придружите на јапонските супер-фанови за финалето на сезоната 2019 во Чиба. За билети, најнови информации и вести, посетете ја веб-страницата www.redbullairrace.com

Facebook Коментари