Поврзете се со нас

Дејвис куп

Драма и шокантен епилог за Шпанија: Колхоф и Ботик го испратија Надал во пензија (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/DavisCup

Рафаел Надал и официјално го одигра својот последен „тениски танц“ во својата играчка кариера, откако по три одиграни меча, стана јасно дека Холандија е подобар ривал во дуелот со Шпанија.

Иако домаќинот на турнирот во Малага влезе како апсолутен фаворит за триумф, „лалињата“ се покажаа во извонредно светло, па откако Ботик Ван де Зансхулп најпрво го победи Надал во сингл, потоа во друштво на Весли Колхоф ги скршија срцата на илјадниците шпански навивачи на трибините во Малага.

Ботик беше подобар во дуелот со Рафа во сингл и донесе предност на Холандија од 1:0, Карлос Алкарас возврати во дуелот со Талон Грикспор и израмни на 1:1, па се се сведе на пресметката во игра на двојки.

Карлос Алкарас и Марсел Гранолјерс играат против Колхоф и Ван де Зансхулп за пласман во полуфиналето, а после голема драма и напнатост во два сета, подобри беа гостите.

Колхоф како специјалист за двојки одигра неверојатен меч и заедно со Ботик спасуваа три сет топки, а откако поведоа со 1:0 во тајбрејкот, се враќаа од брејк негатива во вториот.

По голема неизвесност и драма, и вториот сет отиде во тајбрејк, а во истиот повторно повеќе нервии имаа Холанѓаните за победа од 7:6 и 7:6 и пласман меѓу четирите најдобри на Дејвис Купот.

Оваа победа на Холанѓаните автоматски донесе огромно разочарување на трибините, но и дефинитивна вест дека Рафа Надал од денеска е во спортска пензија.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни