Поврзете се со нас

Италија

Драма и по последниот судиски свиреж: Алегри го бркаше од прославата најважниот директор на Јувентус (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Масимилијано Алегри приреди карактаристично шоу за себе во самиот финиш од финалето во Копа Италија, па со своите гестикулации и бесното фрлање на палтото направи да добие директен црвен картон пред последниот судиски свиреж.

Макс бесно реагираше по една шанса на Аталанта и ги фрлаше палтото и вратоврската поради недосуден фаул во зачетокот на акцијата, па на крајот мораше да оди на ладење и повторно да се враќа на теренот за да биде дел од шампионската прослава.

Голот на Влаховиќ вреден титула, Алегри полуде и не го дочека крајот на финалето (Видео)

Јувентус ја победи Аталанта со 1:0 и по 15-ти пат во својата историја го освои Купот, кој по се изгледа ќе биде последниот трофеј кој го освојува Алегри како тренер во втората етапа во клубот.

Алегри е пред заминување и медиумите веќе го прежалија уште во најавите за големото финале, а силните напори на клубот да издејствува брзо осигурување на негова замена, очигледно донесе непоскувана сцена при шампионската прослава.

Техничкиот директор Џунтоли се вели дека е најгласен во намерите да се донесе Тиаго Мота на местото на Алегри, па случајно или не, Макс го бркаше токму Кристијано од шампионската прослава на „Олимпико“.

– Не се случи ништо посебно, само славев со фановите и со играчите. Го почитувам клубот, го почитувам човекот за кого зборувате и немам проблем со никого. Сакав само да прославам со моите момци кои имаа неверојатна сезона. Иако не успеавме да се бориме за Скудетото, на крајот се пласиравме во Лигата на шампионите и ја освоивме титулата во Купот, – изјави Алегри за инцидентот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни