Дракслер со несекојдневна мајсторија предизвика ерупција на „Паркот на принцовите“ (Видео)

draxler-st

ПСЖ го победи Ст. Етјен со 4:0 и на тоа му овозможи на Томас Тухел да стане првиот тренер кој дебитирал на клупата на „светците“ со пет победи во домашното првенство, учинок кој всушност беше најавен на најдобар можен начин од страна на Јулијан Дракслер.

Германецот се погрижи за една несекојдневна мајсторија во противничкиот шеснаесетникот, а со истата предизвика ерупција на „Паркот на принцовите“. Германскиот репрезентативец ни демонстрираше дека во фудбалот може да се биде вешт и без да се допре топката со нозете, бидејќи на неверојатен начин исконтролира со глава, а потоа и ја смести истата во противничката мрежа со лоб удар.

Необичното ремек-дело на Германецот го воодушеви и тренерот Тухел, а честитки на големо пристигнуваат и на социјалните мрежи.

Facebook Коментари