Поврзете се со нас

Свет

Драконската казна во Франција се претвора во историска: Наместо шест, ѕвездата на Монако нема да игра девет месеци

Објавено

на

Желсон Мартинс на почетокот на месец февруари изрежира огромна глупост и се најде на насловните страни на сите француски медиуми, откако фудбалерот на Монако заработи исклучување поради насилнички однос кон главниот судија.

Португалецот се „исклучи“ и во два наврати го турна главниот судија Лесаж, агресивен потег со кој го навлече гневот на јавноста, но и на дисциплинците кои воопшто немаа милост кон него кога ја донесуваа пресудата.

Мартинс доби суспензија од шест месеци и одработи само еден и пол месец од истата, пред да биде означен крај на првенството во Лига 1 поради пандемијата со коронавирусот. Цела оваа неблагодарна ситуација се чинеше дека ќе му оди во прилог на Желсон, но наместо тоа, Федерацијата ја „замрзна“ казната и истата ќе мора да ја одработи кога ќе има активен фудбал.

Тоа значи дека Желсон нема да може да игра до крајот на месец ноември оваа година ако сезоната стартува во предвидениот период, па со тоа казната на Мартинс се претвора во најголема во историјата во Франција.

– Сфаќам дека тоа што го направив не беше добро и не се оправдува. Не смее да се направи тоа, јас сум татко и најмногу сум засрамен поради тоа, децата ме видоа во такво светло. Бев жестоко казнет и го прифатив тоа. Бев згрозен од тоа што го направив, по крајот на натпреварот во повеќе наврати му се извинив на судијата и му нагласив дека првпат во кариерата добивам црвен картон, – вели Мартинс за „Лекип“ и се надоврза на жалбата која ја достави Монако за продолжување на казната.

– Сега ја променија казната и ја продолжија за нешто што не е моја вина. Шампионатот се прекина и јас немам ништо со тоа. Ја научив лекцијата и на овој начин ми ги кратат крилјата. Ја платив цената и не сум виновен што паузата се поклопи со мојата суспензина, – додаде Желсон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни