Поврзете се со нас

Свет

Драговиќ: Салах се плашеше да не му ја скршам ногата

Објавено

на

Австрискиот репрезентативец, Александар Драговиќ во својата досегашна кариера имаше можност да игра во доста клубови и во неколку различни земји, па така преку Виена и Австрија мина пат играјќи во Швајцарија, Украина, Германија, Англија за да денеска е во Србија и тоа како член на Црвена Звезда.

Сите овие искуства му помогнаа да се справи со различни ситуации, тренери, лиги, натпреварувања, но и секако да соработува и се соочи со многу играчи. Еден од фудбалерите со кого имаше можност да игра заедно е Мохамед Салах кој денеска важи за еден од најдобрите, највалитетните асови во Премиер лигата и на светот.

Драговиќ го фати Мо во неговите европски почетоци и тоа во Базел, односно каква улога имал тој во развојот на репрезентативецот на Египет.

-Јас добро го подготвив, често заедно вежбавме стартови.Секогаш се плашеше да не му ја скршам ногата со моите стартови. Па јас го спремив за тешкиот англиски начин на игра. Веднаш можеше да се види дека може да му направи проблем на секого со својата брзина.

-Во тоа време сепак имаше големи проблеми во однос на реализацијата на шансите. Благодарение на неговата прецизна работа многу се подобри во тој поглед. Мо е одлична личност и е со нозате цврсто на земја, -истакнува Драговиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни