Драгиќ за неверојатниот Дончиќ: Лука се уште гледа цртани филмови, но кога ќе излезе на терен…

Luka-Doncic1

Словенија игра одлично на Европското кошаркарско првенство, а покрај очекуваниот придонес на искусниот Горан Драгиќ, во словенечкиот состав блеска и тинејџерот Лука Дончиќ.

Играчот на Реал Мадрид има само 18 години, но и во четвртфиналето против Летонија покажа дека е класа од играч кој допрва ќе го реализира целосниот потенцијал. Дончиќ постигна 27 поени, а по натпреварот неговиот репрезентативен колега Драгиќ ги изнасмеа новинарите со својата изјава.

– Лука е најдобар играч на својата возраст. Поточно, не само на својата возраст, туку можеби и меѓу сите кошаркари од 18 до 25 години. Има само 18 години, а игра со толку голема самодоверба, тој е дијамант на европската кошарка.

– Навивачите се среќни што го имаме, но не сакам да бидам сфатен погрешно, сепак тој се уште е дете. Се уште гледа цртани филмови, но кога ќе излезе на терен е неверојатен, пресреќни сме што го имаме, – изјавил Драгиќ по пласманот во полуфиналето.

Facebook Коментари