Поврзете се со нас

Евролига

Драгиќ повторно ќе игра во Евролигата

Објавено

на

Помладиот од браќата Драгиќ, Зоран конечно пронајде ангажман во оваа сезона и од денеска ќе го носи дресот на тимот на Жалгирс.

Зоран минатата кампања ја заврши во Басконија по што беше во потрага по нов предизвик кој дефинитивно го пронајде и тоа во Литванија. Тој во новата средина доаѓа на барање на неговиот сонародник Јуре Здовц кој од неодамна е предводник на составот на клубот од Каунас.

Некогашниот играч на Феникс Санс и Мајами Хит доаѓа како помош за да се поправат резултатите пред се во Евролигата каде Жалгирис има 0-7 или поточно е единствениот тим без триумф во елитното натпреварување.

Драгиќ во досегашната кариера освен во горесполените клубови има настапувано уште за Илирија, Јанче, Слован, Крка, Малага, Химки, Милано, Анадолу Ефес, Триесте и Улм што значи дека има огромно искуство кое треба да придонесе Жалгирис да заигра подобро и на повисоко ниво.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни