Поврзете се со нас

Македонија

Драган Стојков останува во таборот на „романтичарите“

Објавено

на

Екипата на Работнички во текот на вчерашниот ден објави дека е продолжена соработката со тренерот Ратко Достаниќ за да сефа од таборот на „романтичарите“ стигне веста дека потпис на нов договор ставил и Драган Стојков.

Стојков пред една година му се приклучи на Работнички, прикажа добри партии, па на взаемно задоволство продолжен е договорот за уште една сезона.

Драган е играч со богато интернационално искуство, има настапувано во Грција, Србија, САД, но и го има носено дресот на Беласица.

Кога е во прашање клубот од Дебар Маало треба да се посочи дека нивно прво засилување за натпреварувачката 2020/2021 е поранешниот македонски репрезентативец Муарем Муарем.

Работнички се пофали со еден стар повратник во тимот: Муарем Муарем се враќа во јатото на „романтичарите“

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни