Поврзете се со нас

Свет

Доживеаа дебакл, па го сменија селекторот

Објавено

на

Парагвајската фудбалска асоцијација го отпушти селекторот на репрезентацијата Даниел Гарнер откако тимот не успеа да победи ниту еден натпревар на Копа Америка во САД.

Парагвај ги загуби сите натпревари во групната фаза – од Колумбија 1:2, Бразил 1:4 и Костарика 1:2.

54-годишниот аргентински тренер ја водеше репрезентацијата на Парагвај помалку од една година, на само 10 натпревари, кога во септември го замени Гиљермо Барос Скелот. За тоа време Парагвај постигна само пет гола, а прими 13.

Репрезентацијата на Парагвај со натпревари продолжува во септември, во квалификациите за Светското првенство во 2026 година, со натпреварите против Уругвај и Бразил.

По шест натпревари во јужноамериканските квалификации, Парагвај е седми на табелата од 10 селекции.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни