Поврзете се со нас

Формула 1

Дождот издоминира на Спа, Ферстапен без трка до шеста победа сезонава

Објавено

на

Упорниот дожд во Белгија донесе разочарување за Формула 1 фановите, кои ја видоа најкратката трка во историјата на шампионатот и без никакви возбудувања на патеката.

Временските услови не дозволија трка, па по само неколку кругови загревање со безбедносното возило, болидите се повлекоа во гаражите. По неколку часа невоочаена пауза, директорот на трката реши да извозат барем два круга на ист начин и без класична трка, по што дојде одлуката за ново враќање во питстопот и конечно прекинување на трката.

Оваа одлука значи дека немаше промени на позициите од квалификациите, а возачите ќе добијат половина поени од вообичаените.

Макс Ферстапен ќе биде запишан како победник на трката во Спа во 2021 година, а зад него е британското дуо Џорџ Расел-Луис Хамилтон од Вилијамс, односно Мерцедес.

Поени освоија уште и Рикардо, Фетел, Гасли, Окон, Леклер, Латифи и Саинц, кој поради ваквата поделба на поените, освои само половина поен.

За возачот на Ред Бул ова е шеста победа сезонава, а сега заостанува само три поени зад лидерот Хамилтон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни