Поврзете се со нас

Македонија

Дожд од голови на македонските терени, „нула“ само на „Тодор Проески“ арена

Објавено

на

Во текот на денешниот ден беше одиграно третото коло од новата сезона во македонската Прва фудбалска лига.

Најмногу внимание привлече натпреварот во Штип каде Брегалница му беше домаќин на актуелниот шампион, Шкендија од каде се надеваа на прекинување на црната серија резултати која започна со европските квалификации, а продолжи и во домашниот шампионат.

Натпреварот под Исарот заврши без победник со дури шест погодоци во двете мрежи. По последниот судиски свиреж на Качески, резултатот беше 3:3.

Ефикасен натпревар со шест погодоци имаше и во Ѓорче, каде Македонија Ѓорче Петров со 5:1 го совлада тимот на Скопје.

Шкупи славеше на гостувањето во Битола со 2:0, со идентичен резултат славеа и Академија Пандев против Тиквеш, односно Ренова против Брец. Единствено погодоци немаше на натпреварот помеѓу Работнички и Струга Трим Лум кој го расипа ефикасното трето коло во македонскиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни